Вчера околу 04.50 часот во Битола на ул. „8-ми Септември“ полициски службеници од полициската станица за БПС Битола дале наредба за запирање на возило „даеву експеро“, но лицето кое го управувало не застанало, односно ја зголемило брзината и се дало во бегство на магистралниот пат Битола – Прилеп.
Од страна на полициски службеници од ПС Прилеп била поставена блокада со службени возила кај раскрсницата со с.Ново Лагово-, прилепско, но возилото ја пробило блокадата и влегло во Прилеп, ја поминало пругата, влегло во нива и застанало. Од возилото излегле три непознати машки лица кои почнале да бегаат.
Еден полициски службеник фатил едно од лицата, а при обид да го приведе бил нападнат со остар тврд предмет во пределот на рацете од друго лице, кое потоа го фатило со двете раце за вратот и почнало да го дави. Ова го искористило првото лице, кое успеало да се оттргне и да побегне. По ова полицискиот службеник го фатил напаѓачот но истиот успеал да побегне.
При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани и санирани во Општа болница Прилеп.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото и преглед на возилото извршила екипа од ПС Прилеп.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


