Во тек се подготовките за пуштање на првите пластични пари на македонскиот пазар. Се работи за банкнотите од 10 и 50 денари, кои ќе бидат пластични и кои доколку се се одвива според предвидената динамика, во оптек се планира да бидат пуштени кон крајот на годинава, пишува Вечер.
Лабораториските тестови покажале дека полимерните банкноти се деформираат и топат на температура од 120 степени Целзиусови, што значи дека тие без оштетување можат да преживеат во машините за перење, почисти се и потешки за фалсификување.
Банкнотите од десет и педесет денари или во народот по популарно наречени книжни пари, требаше сукцесивно да се повлекуваат од оптек и да се заменат со кованите или т.н. железни пари во апоени од 10 и 50 денари. Од тие причини од 2013 година веќе не се ни печатат книжните банкноти во овие апоени.
Замената на книжни со ковани пари беше од една единствена причина: бидејќи тие се најупотребувани во платниот промет, најбрзо и се изабуваат, па со цел да се намалат трошоците за нивно често печатење, се отиде на замена на банкотите со ковани десетки и педесетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.