| четврток, 6 декември 2018 |

На чекор сме до губење на нешта кои нашите претци ги добиле со многу крв

gruevski (4)

Во своето денешно гостување во Дневникот на Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нагласи дека надворешните фактори, односно центри на моќ играат клучна улога во кризата во Македонија.

– Улогата на надворени центри е круцијална за предизвикување на кризата во Македонија и неслучајно на собирите пред изборите говорев за тоа дека кризата ќе заврши само ако добиеме 63 пратеници. Тоа некои луѓе го сфатија сериозно, а некои не. Еве, како што може да видиме, кризата не е завршена. Но она што е пострашно е што сме на чекор до губење за работи до што се дошло со многу крв и нашите претци ги добиле многу тешко. Ние се чувствуваме осамени во битката за зачувување на државите интереси, а сега гледам дека многумина почнуваат да се будат и да реагираат, истакна Груевски во своето гостување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top