| четврток, 6 декември 2018 |

Ако народот не биде доволно активен и упорен, Република Македонија нема да е Република Македонија

nikola-gruevski-kumanovo-640x357

Принципот на коалицирање “победник со победник” со овој потег на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Оваа влада, нагласува Груевски е направена под жесток надворешен притисок кон ДУИ, во кој многумина учевствуваат, а најактивен е еден амбасадор.

– Ова е операција во голема мерка подржана од СОРОС. Голем дел од финансиите и логистиката се од него. Но освен тој и некои надворешни моќни центри значајна улога играат домашните соработници, тргнувајки од Зоран Заев па надолу. Ако народот не биде доволно активен и доволно упорен Република Македонија нема да е Република Македонија и на неколку рати во неколку фази ќе заврши операцијата. Но ако народот биде активен и упорен и ако не потпадне и не се пасивизира под суптилната медиумска пропаганда, нема никаква можност за успех на операцијата. Таа ќе пропадне и ќе биде поразена. Зоран Заев ги тешел и смирувал на Централниот Комитет неговите со зборовите дека победникот ја пишува историјата. Демек не е важно што ќе сторат, ако формираат влада тие се победникот и така како што ќе ја претстават работата така народот ќе прифати, колку и да направиле злочини. Силно се лаже. Таа изрека е за големите светски војни за големите држави кои се водат еднаш во еден век или поретко. Не е за демократска држава во која на демократски избори партиите се менуваат. Кој ќе ја пишува историјата ако сега Заев состави влада, а по 6 месеци, година или повеќе години изгуби и ВМРО се врати. Во демократски земји партиите се менуваат на власт и никоја не може да пишува историја каква што сака. Таа нејзина историја може максимум да ја чита некој додека не се смени власта, пишува Груевски.

Ако се изгласа оваа влада, таа ќе биде влада на еден амбасадор. Потоа, нагласува Груевски, тој ќе пристапи и судот да биде негов суд.

– Тој всушност подолго време работи на тоа. Обвинителство веќе си има. Поданици, НВО и платеници во значаен број. Си има и раководства на партии. Но и тој нема да е вечен амбасадор и тој е со ограничен мандат. Ако некој се огрешил пред законот, но ако навистина се огрешил и има цврсти докази за тоа, треба да одговара. Тоа не треба да се доведе во корелација со ова што го гледаме сега и со одбраната на државата. Некои од западните земји беа подготвени да реагираат на мешањето на Тирана со платформата. Но ни рекоа дека тоа што дел од македонските партии ја прифаќаат платформата, ним им ги врзува рацете. Не може тие да се по патриоти за Република Македонија од нас. Инаку некои од нив веќе пишуваа реакции до Тирана, но кога видоа дека само ВМРО и коалицијата брани, а СДСМ и сите албански партии прифаќаат се повлекоа, напипа Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top