| четврток, 6 декември 2018 |

Целта на операцијата е слабеење на државата за промена на името и идентитетот

gruevski-sredbi-768x384

– Основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците. Тоа е главната и основна причина заради која е започната операцијата за рушење на ВМРО од некои надворешни центри. Овој процес може да донесе и до губење на државата, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Двојазичноста е секундарната цел. По двојазичноста ќе започнат подготовки и за кантонизација како следна цел. Чекор по чекор. Многу им пречи што во изминатите години низ разни форми и активности се подигна националната свест, напиша Груевски и нагласува дека операцијата е во 4 фази:

1. Создавање криза и дестабилизација,
2. Компромитирање на власта преку специјална психолошка војна и компромитирање на институциите,
3. Избори и смена на власта, нејзино елиминирање и носење на нова и
4. Реализација на целите.

– Нашата држава солидно функционираше и одеше напред се додека не беше нападната од надворешни моќни центри. Во изборната кампања на СДСМ учествуваа странски експерти за специјална психолошка операција и микро таргетирање со цел да допрат до емоциите на многу пасивни гласачи и да ги мотивираат да излезат на избори. Беа потрошени многу странски црни пари во кампањата на СДСМ. Се трошат и сега. Цели тимови се ангажирани да влијаат и да ги доведат во заблуда граѓаните. Имаат под своја контрола многу медиуми, многу поединци платеници во форма на аналитичари, интелектуалци, колумнисти, новинари, платени протестирачи, крупни бизнисмени, судии, едно цело обвинителство, политички партии, НВО и млади заведени и индоктринирани луѓе на кои со години со предавања и со пари им го перат мозокот по разни семинари и сл. и се разбира многу пари, напиша Груевски.

Ако народот остане рамнодушен, додава Груевски, ќе ја превземат државата, комплетно ќе ја редефинираат и ќе управуваат со тој народ.

– Преку праќање на мнозинството Македонци во опозиција, сега е моментот кога се тргнува во финалната фаза на овој поход. Потоа првата жртва е јазикот. Но тој е само првата, само почеток. Да не испадне не сум кажал и не предупредил, напиша Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top