Станува збор за крајна не само политичка, национална, туку и човечка неодговорност, која се граничи со апсурд. Да се нуди нешто (двојазичност) кога никој, барем официјално, тоа не го побарал, е веќе лудост. Да се говорело на јазикот на граѓаните во некоја општина, град или село во кое нема ниту еден граѓанин што говори на тој јазик е далеку од секој ум и личи на вампиризам. Настрана, тоа е наспроти Уставот. За антиуставно повикување може и да се одговара, вели филозофот и професор Љубомир Цуцуловски во интервју за Република и додава:
Но, ајде, нека го прифатиме тоа како невин вербален деликт, израз на нечија непресметливост. Но, и во тој случај, глупоста останува. Патем, не смее да се заборави дека јазикот не е само знак за нечиј национален идентитет, туку тој е и средство за општење, за меѓусебна комуникација. Нужно е да постои нешто како лингва франка. Инаку сѐ ќе заврши во хаос. Да не го заборавиме митот за Вавилонската кула. Бог ги казни луѓето така што од еден јазик создаде повеќе јазици за да внесе раздор меѓу нив. А митовите, колку и да се сказни, сепак кажуваат нешто. Едноставно, потребен е еден официјален јазик за да се сочува не само македонскиот идентитет, туку и целината – Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст