Беса и Алијансата за Албанците му ветија на Заев давање на потписите за да го преземе мандатот, но според претставниците на овие две партии, тоа не значи неопходно учество во следната влада.
– Ние кажавме дека ќе ги дадеме потписите, ако другата страна ја прифаќа Декларацијата на албанските партии, но дали ќе бидеме дел од владата, тоа ќе зависи од понудата и условите кои ги има Движењето Беса – рече Орхан Муртезани, портпаролот на Движењето Беса.
– Според разговорите што сме ги имале со идниот мандатар, оваа платформа во голема мера е прифатена и верувам дека потписите даваат можност тој да го добие мандатот, а единствениот услов на Алијансата за Албанците е спроведувањето на заедничка платформа, изјави Емир Сејфулаи, портпарол на Алијансата.
(Извор: Алсат-М)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности