| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 14 загинати во два бомбашки напади во Хомс

При два бомбашки напади извршени од бомбаши-самоубијци во штабот на владините безбедносни сили во градот Хомс во централна Сирија убиени се најмалку 14 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

– Во зградата во центарот на третиот по големина град во земјата се наоѓаат канцелариите на службата за државна безбедност и на военото разузнавање на режимот на Башар ал Асад, изјави Рами Абдел Рахман, директорот на Сириската опсерваторија за човекови права.

Освен експлозиите се слушало и пукање, а при нападите бил убиен и висок офицер.

Засега не е јасно дали напаѓачите се припадници на Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top