Хороскопскиот знак влијае на нашиот карактер, љубовните врски, работата и здравјето, а исто така влијае и на убавината. Дознајте како во продолжение.
Овен- Драматичен изглед
Припадничките на овој знак се родени водачи и често во преден план ги ставаат очите. Ако ги погледнете познатите жени- oвни Claire Danes, Sarah Jessica Parker и Kate Hudson ќе забележите беспрекорен изглед. Тие користат маскара, црно моливче и темни сенки за драматичен и впечатлив изглед, со женствена нота.
Совет плус: Бидете внимателни со боење на косата. Оставете го тоа за кога ќе ви треба голема промена во животот.
Бик- Беспрекорни усни
Хороскопската анализа вели дека жените- бикови имаат мелодичен глас и се одлични говорници. Поради тоа, мора да ги негуваат усните. Избегнувајте светкави и седефасти кармини и користете природни и розеви нијанси. Биковите се практични и најчесто се одлучуваат за долга коса која може да се врзе во репче.
Совет плус: За оживување на сопствениот стил, јаките бои на коса заменете ги со поприродни, земјени нијанси. Со тоа се сложуваат и познатите жени- бикови Uma Thurman, Penelope Cruz и Kirsten Dunst.
Разиграни Близнаци
На жените родени во овој знак највеќе им прилега кратка коса и минимална шминка која ги прави посакувани. Им стојат впечатливи бои- платинеста, портокалова и костенлива.
Совет плус: Следете ги навиките за убавина на познатите припаднички на овој знак- Angelina Jolie, Natalie Portman и Elizabeth Hurley.
Рак- Талентирани за шминка
Раковите имаат строги правила кон кои се придржуваат кога станува збор за изгледот. Но, правилата понекогаш треба и да се прекршат. Не ги слушајте другите, и онака знаете сами да се шминкате, и тоа добро.
Совет плус: Косата чешлајте ја наназад. Така лицето ќе ви биде поотворено.
Лав- Кралици на зодијакот
За многу Лавици косата е најважна од сè, па затоа често менуваат фризури и стилови. Во шминката дозволете си слобода, ништо не е забрането. Следете ја модата од 50-те кога се шминкате. Одлично ви стојат туш и вештачки трепки. Вие сте вистински заводнички, како Halle Berry, Charlize Theron и Sandra Bullock.
Совет плус: Експериментирајте со боите во шминката и косата, но не ги заборавајте хранливите креми и пилинзи.
Девица- Природност пред сè
Внимателни и темелни, Девиците внимаваат на тоа каква козметика користат. Избегнувајте тешка шминка и комбинирајте го природниот изглед со моменталните трендови. За облеката и шминката инспирација барајте кај филмските диви Ingrid Bergman, Cameron Diaz и Salma Hayek.
Совет плус: Девиците сакаат едноставност во сè, па така и кај ноктите. Негувајте ги со безбоен лак или светли бои.
Женствени Ваги
На Вагите најубаво им стои долга коса, баш како онаа на Catherine Zeta Jones и Gwyneth Paltrow. Тешката шминка не ви одговара. Наместо тоа, користете светли и седефасти тонови на сенки. Одлично ви прилега црвен кармин.
Совет плус: Со вас владее планетата Венера која ја претставува женственоста. Искористете ја оваа нејзина склоност.
Скорпија- Камелеонки
Жените родени во овој знак уживаат во често менување на бојата на косата и шминката. Вие сте хороскопски камелеонки, па искористете ја таа наклонетост. Ви стојат небесно сини и темноцрвени тонови. Успешни ги следите модните трендови, како познатата Скорпија Julia Roberts.
Совет плус: На Скорпиите идеално им прилега туш за очи.
Стрелец- Трендсетерки
Жените- стрелци можат да носат јаки бои, вештачки трепки и сè што е актуелен тренд и новитет. Љубителки се или на кратки машки фризури, или на долга, понекогаш и предолга коса.
Совет плус: Кога експериментирате со трендовите, следете го примерот на познатите Стрелци Katie Holmes, Keira Knightley и Milla Jovovich.
Елегантни Јарци
Жените- јарци најмалку ги следат трендовите, па нивниот стил е елегантно- класичен. Не сакаат да експериментираат, па кога се работи за козметика играат на сигурно. Ви стојат нијанси на руса коса- од медена до платинеста.
Совет плус: Почнете повеќе да ги користите сите производи за убавина што ги имате. Познати жени- Јарци се Christy Turlington, Sienna Miller и Kate Bosworth.
Водолија- Склони кон промени
Вие обожавате промени и често се менувате во потполност. Користите впечатливи бои за шминкање, а најдобро ви прилегаат зелени и сини сенки, како и корални нијанси на кармини. На жените- водолии им стојат фризури од 80-те.
Совет плус: Кога носите ладни тонови на облека, шминката нека биде во земјени бои, баш како славната Jennifer Aniston.
Риби- Уметничка природа
Вие сте вистински сликари на вашето лице и често експериментирате со шминката. Ви стои прозрачна шминка и тренди фризури. Рибите ја менуваат бојата на косата кога ќе им здодее истиот изглед секој ден.
Совет плус: Тогаш кога ќе бидете потполно задоволни со себе ќе почнете да зрачите со убавина. Слично како прекрасните Eva Mendes и Sharon Stone.
извор: divianarts.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.