Вчера во 16.15 часот во ЕИК Скопје е пријавено дека еден седумнаесетгодишник и неговиот другар, ученици од втора година во СУГС „Димитар Влахов“, биле физички нападнати од лицето Г.М. од с.Арачиново и уште еден ученик во училиштето.
Додека двајцата малолетници стоеле во училишниот двор им пришол нивен соученик и ги повикал да појдат со него на улицата пред училиштето. Таму ги чекал Г.М., кој насилно ги внел во возило „голф 3“ со скопски регистарски ознаки и му се заканувал на седумнаесетгодишникот за да ја остави неговата девојка и да не се гледа повеќе со неа.
По пристигнување во близина на ОУ „Конгреси Манастири“ излегле од возилото по што и физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.