| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија е на нозе: Македонците излегуваат во одбрана на унитарна Македонија (Галерија)

vmro-miting-skopje-27-11-2016-6

Македонија е на нозе. Десетици патриотски организации и граѓански иницијатици, бројни интелектуалци се мобилизираат против федерализацијата на Македонија.

Граѓаните се свесни за штетноста од погубниот договор меѓу СДСМ и ДУИ, за федерализацијата која следува од прифаќањето на албанската платформа и дека Зоран Заев е подготвен да гази врз трупови за да дојде на власт.

Гневните Македонци не се двоумат – нема да дозволат двојазични банкноти, воведување на албанскиот јазик како рамноправен јазик на целата територија на Македонија, кршење на Уставот, уривање на суверинитетот на Македонија.

„Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите ќе биде мотив повеќе здружението преку протести да ги повика виновниците на одговорност кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки“, се вели во соопштението на „Тврдокорни“ кои сакаат да дознаат дали со „подзаконски акти или дотерување на постојните закони, некој притаено ќе се обиде да нѐ донесе пред свршен чин од низата сепаратистички барања на албанските политичари“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top