| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар Андоновски стана татко: Господ нѐ благослови и на овој свет се роди Михаил

15941103_10211241824866925_6489335517776128614_n

Македонскиот пејач Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина денеска станаа родители. Ова е прво дете за младите родители, кои денеска го добија Михаил.

– Господ нѐ благослови и на овој свет се роди Михаил. Станав татко на преубаво бебе. Те сакам љубов моја Христина – напиша пејачот на социјалните мрежи.

Димитар е во брак со Христина повеќе од една година. Пејачот клекна пред убавата прилепчанка за време на неговиот концерт во Битола и по само неколку месеци забавување ја побара за жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top