Фрчкоски синоќа кажа дека мултиетничката демократија била скапа работа. И тоа е точно, пишува професорката Билјана Ванковска. Анализирајќи го предавството на Зоран Заев и неговата проалбанска партија, таа поставува неколку прашања што ги мачат Македонците.
Прашањето е дали македонските граѓани со албанска националност ќе бидат побогати ако парите бидат двојазични (како што откри Бујар Османи)?
Дали сите ќе бидеме побогати и посреќни ако се воведат и нови институции, инспекторати и казнени мерки за непочитување на албанскиот јазик?
Една работа е да им овозможиш на граѓаните употреба на мајчиниот јазик за да си ги остварат личните права, ама друга работа е за инает или со задни намери да ја менуваш конституцијата на државата! Се разбира, и јас не сум го видела целиот закон и што тој точно предвидува, но ако Бујар зборува за „член 8“ од Законот кој го напишале исклучиво албанските партии и кој не бил предмет на преговори, бидејќи бил УСЛОВ за коалицирање, тогаш 20 луѓе го киднапирале Парламентот, а оние 100 се само папети кои треба да изгласаат нешто напишано од Осман Кадриу и одобрено од неколку албански партии. Размислувам, зарем не е понижувачки за Албанците тоа што како голема победа на ДУИ (која беше фактички поразена токму од мнозинството Албанци) се претставува внесување на албански називи за парите, полициските и армиските ознаки, и сл.? Нели тоа ги прави неуки – демек само тие воопшто не го знаат македонскиот јазик, јазикот кој го знаат сите останати 75% од населението? И така, наместо декриминализација на власта, сега ќе имаме албанизација по скапа цена – и во смисла на буџетски издатоци и во смисла на продлабочување на сегрегацијата и нетрпеливоста, заклучува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Бојкотирам сме ние, видливото мнозиноство од кое се плаши оваа забегана власт!
-
Ванковска: Она горчливо чувство кога кривичниот прогон не ти дава чувство на правда и сатисфакција!
-
Ванковска: Манифестот на Венко е нов Илинденски манифест, како порака дека треба да се фатиме за работа!
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“