| четврток, 6 декември 2018 |

Без македонскиот јазик Македонецот е никој и ништо

Да се вра­ти­ме на ус­ло­ву­ва­ња­та за фор­ми­ра­ње вла­да. Ја­зи­кот. Иден­ти­тет­ско пра­ша­ње за кое се бо­ри­ме со Гр­ци­ја офи­ци­јал­но ве­ќе че­тврт век. Се­га се ба­ра (а и се ну­ди) са­ми да си го до­ве­де­ме во пра­ша­ње. Кол­ку тре­ба да е чо­век по­ли­тич­ки и оп­штес­тве­но не­од­го­во­рен во овој мо­мент да за­и­гра на таа кар­та?

ЦУЦУЛОВСКИ: Ста­ну­ва збор за крај­на не са­мо по­ли­тич­ка, на­ци­о­нал­на, ту­ку и чо­веч­ка не­од­го­вор­ност, ко­ја се гра­ни­чи со ап­сурд. Да се ну­ди не­што (дво­ја­зич­ност) ко­га ни­кој, ба­рем офи­ци­јал­но, не го по­ба­рал тоа, е ве­ќе лу­дост. Да се го­во­ре­ло на ја­зи­кот на гра­ѓа­ни­те во не­ко­ја оп­шти­на, град или се­ло во кое не­ма ни­ту еден гра­ѓа­нин што го­во­ри на тој ја­зик е да­ле­ку од се­кој ум и ли­чи на вам­пи­ри­зам. На­стра­на, тоа е нас­про­ти Уста­вот. За ан­ти­у­став­но по­ви­ку­ва­ње мо­же и да се од­го­ва­ра. Но, ај­де, не­ка го при­фа­ти­ме тоа ка­ко не­вин вер­ба­лен де­ликт, израз на не­чи­ја не­прес­мет­ли­вост. Но, и во тој слу­чај, глу­по­ста оста­ну­ва. Па­тем, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка ја­зи­кот не е са­мо знак за не­чиј на­ци­о­на­лен иден­ти­тет, ту­ку тој е и средс­тво за оп­ште­ње, за ме­ѓу­себ­на ко­му­ни­ка­ци­ја. Нуж­но е да по­стои не­што ка­ко лин­гва фран­ка. Ина­ку сѐ ќе за­вр­ши во ха­ос. Да не го за­бо­ра­ви­ме ми­тот за Ва­ви­лон­ска­та ку­ла. Бог ги каз­ни лу­ѓе­то та­ка што од еден ја­зик соз­да­де по­ве­ќе ја­зи­ци за да вне­се раз­дор ме­ѓу нив. А ми­то­ви­те, кол­ку и да се сказ­ни, се­пак ка­жу­ва­ат не­што. Ед­но­став­но, по­тре­бен е еден офи­ци­ја­лен ја­зик за да се со­чу­ва не са­мо ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, ту­ку и це­ли­на­та – Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top