На интернет-каналот „Јутјуб“ завчера се најде уште една снимка во серијалот објавен од анонимно лице, кое се потпишува како „Никола Тесла“. Станува збор за разговор меѓу новинарката Оливера Трајковска и албанскиот аналитичар и професор Мерсел Биљали.
Од она што се слуша на снимката од приватниот разговор, Биљали ѝ се обраќа на Трајковска во прилично интимна конотација, а разговараат на тема нејзините гости во дебатната емисија. Откако таа му одговара дека меѓу гостите ќе биде и аналитичарот Рамадан Рамадани, Биљали го квалификува како „екстремист, кој има пукано“, а подоцна обајцата се шегуваат на негова сметка. Во текот на разговорот Биљали коментира и дека „Македонија треба да се подели еднаш за секогаш“.
Зошто токму сега и зошто токму овој разговор се прашањата поставени во форма на коментар под видеоснимката на „Јутјуб“, пишува „Дневник“. Одговор нема од анонимниот објавувач, а нема ни од надлежните институции, како што немаше ниту за другите снимки од приватни разговори на јавни личности, политичари и новинари претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.