| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто Кејт и Вилијам никогаш не се држат за раце!

кејт

Кејт Мидлтон и принцот Вилијамс се еден од најпознатите парови во свет, но од повеќето се разликуваат по тоа што скоро никогаш не се држат за раце. Експерти за говор на телото откриваат зошто е тоа така.

Експертот Робин Кермоде, тврди дека Вилијам и Кејт, кои се во брак шест години, како пример ја земаат кралицата Елизабета.

– Кралицата многу ретко се држи за раце со својот сопруг и се чини дека тоа е непишано правило и за другите членови на кралското семејство – изјавил Кермоде, додавајќи дека е очигледно дека тиа двајца се емоционално многу блиски, но дека на официјални настани немаат потреба на сите да им ја покажуваат својата љубов и покажуваат дека се силен пар и независни личности.

Од Кенсингтонската палата одбиле да коментираат на оваа тема.

Кермоде уште објаснил дека многу политичари и познати брачни двојки кои имаат проблеми го држат партнерот за рака како би покажале дека со нив е се во ред. Тој додал и дека Доналд Трамп ракувањата ги користи како мамец за уште повеќе фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top