| четврток, 6 декември 2018 |

Сериозна владина поддршка за самовработување на лицата со попреченост

Самовработување на лицата со попреченост е една од мерките, која е дел од Оперативниот план за вработување за 2017 година, а за која владата ќе даде сериозна поддршка.

Со мерката за самовработување на лица со попреченост, Владата дава една сериозна поддршка со цел охрабрување за нивно отпочување на бизнис, самовработување, но и вработување на останати припадници на овие целни групи, или пак лица кои не влегуваат во рамките на овие целни групи, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Огласот е распишан денес, а во соодветна постапка водена од Агенцијата за вработување на РМ и специјалната комисија ќе се оценуваат нивните бизнис планови и ќе се дава логистичка поддршка со цел обезбедување помош и можност за да се здобијат со средствата.

Директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски, потенцираше дека има доволно буџетски средства за да се исполни мерката за самовработување на лица со попреченост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top