Новогодишниот настап на пејачката Мараја Кери дефинитивно ќе остане запаметен по пехот што ѝ се случи. Иако тогаш го обвинуваше продукциското шоу, објаснувајќи дека тоа на секого може да му се случи, во интервјуто за „Ролингстоун“, пак, се осврнала на немилиот настан кога беше откриено дека пее на плејбек.
– Беспомошно. Тоа е нешто што не можам да го објаснам на целиот свет бидејќи нема да разбере, тоа е нешто со што тие не се занимаваат – рекла Мараја и додала: „Тоа е исто како што јас не ги разбирам луѓето коишто работат во канцеларија и како го прават тоа. Не можам, буквално сум неспособна да живеам во реалниот свет и да преживувам“.
Потоа ги обвинила продуцентите затоа што одбиле да ја прифатат одговорноста.
– Бев многу вознемирена поради тоа, но тоа беше надвор од мојата моќ. Да не испаднеше сѐ толку хаотично, можеби и ќе можев нешто да направам. Жал ми е, ги обвинувам сите, но се обвинувам и себеси што не си заминав по пробата – навела Мараја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст