Експертите предупредуваат дека супербактериите најдени кај лугето, животните и во храната низ Европската Унија претставуваат алармантна опасност за јавното здравје бидејќи имаат развиено отпорност на најчесто користените антибиотици.
Во ЕУ годишно од таквите бактерии умираат околу 25.000 луѓе, се наведува во извештај за отпорноста кон бактериите на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
– Отпорноста на бактериите е загрижувачка закана којашто го доведува во опасност здравјето на луѓето и животните. Мораме да бидеме побрзи, посилни и да делуваме „на неколку фронта“, нагласи еврокомесарот за здравје и безбедност на храната Витенис Андриукаитис.
Отпорноста на лековите е предизвикана со погрешно и прекумерно користење антибиотици, што ги поттикнува бактериите да се менуваат и да создават нови начини да се борат против нив за да преживеат, се вели во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст