Лимузината, која била дизајнирана посебно за актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, сега се наоѓа во Глочестер во Велика Британија. Произведена е во 1988 година и наречена е „Кадилак Трамп“. Било планирано производство на 50 лимузини, но на крајот само две биле излезени од фабричките ленти. Едната е увезена во Велика Британија во 1991 година, а поминала само 72.420 километри. Актуелниот сопственик навел дека има корозија, но не премногу со оглед на тоа дека се работи за автомобил стар 29 години.
Сопственикот на лимузината бара 50.000 фунти, но со оглед на тоа дека оди на аукција, можно е да добие и повеќе пари. Лимузината има 5,0-литарски мотор, а во внатрешноста има ТВ уред, видео, бифе и друга опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.