Како што пренесуваат британските медиуми, агентот на Венј Руни се наоѓа во Кина каде што ќе преговара за трансфер на најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација.
Агентот Пол Стретфорд веќе неколку денови е во Кина, но нема гаранција дали ќе постигне договор пред да заврши трансфер периодот во таа земја, 28 февруари. „Би-Би-Си“ открива дека Жозе Мурињо даде зелено светло за трансфер на легендарниот голгетер, а тој, најверојатно, ќе биде реализиран или во Џандсу Сининг или Тјанчин. Истиот медиум шпекулира дека „Ваза“ неделно во Кина ќе заработува неверојатни еден милион фунти, што е преку 60 милиони по година.
Доколку ова сценарио се оствари Руни би станал најплатениот фудбалер во историјата на оваа игра и ќе го престигна Карлос Тевез, кој моментално заработува 40 милиони годишно. Иако пред извесен период англискиот капитен изјави дека посакува да го одработи договорот со Јунајтед, кој е до 2019 година, сепак поради малата минутажа добиена од Мурињо, најверојатно ја промени својата одлука и до крајот на месецот ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.