| четврток, 6 декември 2018 |

Прошетајте низ Чернобил без заштитен костим, еве како

На многумина им е желба да прошетаат на местото каде што се случила најголемата нуклеарна катастрофа во далечната 1986 година, но тука е и стравот од зрачење, а ниту Украина, поради војната на истокот на земјата, не е најбезбедното место за авантуристички туризам.

Прошетката низ Чернобил и Припјат, сепак, е можна, ако не на друг начин, тогаш барем по пат на интернет, од вашата фотелја со пијалак.

Сервисот „Гугл стрит вјус“ ги понудил своите услуги токму и во зоната околу Чернобил и околу нуклеарните електрани уништени во експлозијата, чијшто растопен реактор од неодамна добил своја гробница, во облик на џиновска купола.

Украина во меѓувреме размислува и за реактивирање на електраната, но во друго својство.

Тоа е одлична почетна точка за прошетка околу Чернобил, место кое неодоливо потсетува на место кое било напуштено од цивилизацијата засекогаш, и кое природата секоја година си го присвојува за себе.

Зградите кои исчезнуваат во шумите, широките градски улици кои сега изгледаат како зафрлени патишта и уште многу други работи можете да ги видите и доживеете прилично детално, а сето тоа благодарение на „Стрит вју”.

Доволно добро, кога веќе не е лесно да се дојде до таму и сето тоа да се искуси во живо. Прошетајте.

mapa

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top