Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев. Рочиштето беше одложено на 23 јануари откако одбраната побара изоставување на обвинителот од случајот.
Адвокатите на Заев на 23 јануари го оспорија застапувањето на јавниот обвинител Владимир Милошевски, а откако него го замени обвинителот Златко Биковски го оспорија и неговото застапување.
Според одбраната на Заев, на Милошовски му е истечен шестмесечниот мандат во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Приложија одлука на Советот на јавни обвинители објавена во Службен весник, а според која Милошевски бил привремено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.
Одложено беше и претходното рочиште по барање на Заев кога, исто така, одбраната побара обвинителот Милошевски да биде изоставен, наводно, поради тоа што тој бил под истрага на Специјалното јавно обвинителство.
Според обвинението во случајот „Поткуп“, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Притворен командир на шумска полиција за земање поткуп
-
Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп