Традиционални производи и алтернативни видови туризам по пониски цени, ќе понуди саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што ќе се одржува утре и задутре во Рамстор Мол.
Како што најавуваат организаторите, на саемот ќе може да се купат крушевски домашни џемови и овошни локуми, велешки органски мед, зелено вино од Кавадарци и уште најмалку 30 производи кои не се редовно достапни во Скопје.
Посетителите воедно ќе имаат прилика да се запознаат и со богатата туристичка понуда на Македонија, како и да резервираат една од многуте авантури – планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник,…
Саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“ го организира Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст