| четврток, 6 декември 2018 |

Тери Милер: Македонската влада во улога на водач беше насочена кон давање на моќта на луѓето

teri-miler-1

Македонската влада ја презеде улогата на водач и секогаш беше насочена кон давање на моќта на луѓето и затоа ги гледаме добрите резултати според нашиот индекс, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова Тери Милер, Директор на центрите за анализа и за трговија и економија на фондацијата Херитиџ.

„Мислам дека Македонија е една од земјите кои во минатото доживеаја влада што беше силно посветена на централизирано планирање и упатствата доаѓаа од центарот, им кажуваа на луѓето што да прават, како да работат, им ги контролираше работните места и во некои случаи дури и каде да живеат или да работат. Целта на економската слобода е да им се даде моќ на поединците да ги носат тие одлуки сами“, вели Милер.

„Во многу земји тоа значи да ја тргнете владата од патот, додека во други владата може да преземе улога на водач и мислам дека го видовме тоа во Македонија, но улогата на водач секогаш беше насочена кон давање моќта на луѓето. Затоа ги гледаме добрите резултати според нашиот индекс“, посочи Милер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top