| четврток, 6 декември 2018 |

Во кафез, па смртна казна, Египет на ваков начин се справува со хулиганите (Фото)

Судот во Египет во понеделникот ја одобри одлуката за смртна казна за десетте осомничени за предизвикување на големите немири на фудбалскиот стадион во Порт Саид во 2012-та година во кои загинаа 74 лица, пренесува Јаху Спортс.

egipet-odluchi-smrtna-kazna-za-navivachite-5

Одлуката на судот е конечна, а важи и за единаесеттиот осомничен кој е се уште на слобода – односно во бегство. Осудените по судењето биле сместени во кафез, а носеле маици со натпис „Дишам Слобода”.

Потврдени се и казните за уште 40 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот шеф за безбедност на стаудионот кој доби пет години затвор.

egipet-odluchi-smrtna-kazna-za-navivachite-1

Роднините на починатите ја прославуваат пресудата пред судот во Каиро.

Да се потсетиме – најсмртоносните нереди во историјата на египетските спортски случувања избија кога навивачите на локалниот клуб Ал-масри се судрија со гостите од Каиро – навивачи на Ал-Ахли. Немирите избиле по завршувањето на натпреварот, а во нив починаа 74 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top