Американската кошаркарска легенда, Реџи Милер, упати критики кон актуелните кошаркари во НБА-лигата и учесници на „ол-старот“. Некогашниот кошаркар на Индијана вели дека последниот „ол-стар“ во Њу Орлеанс бил вистинска комедија.
– Разбирам дека се работи за ревијален меч и навивачите треба да уживаат. Но, сепак, „ол-старот“ треба да биде и дуел на најдобрите кошаркари во светот. Ова што се случи сега беше вистинска зафрканција и комедија. Обично, кога ќе дојдеше последната четвртина порано следеше стегнување на играта, двата тима се бореа за победа. Но, сега немаше такво нешто. Во последните три години „ол-старот“ е се поголемо разочарување – изјави Милер.
Во 66. издание на „Ол-Стар“ натпреварот, кој се одржа во Њу Орлеанс, Западот ја запиша својата 29. победа против Истокот (192-182), трета последователна. Најзаслужен за победата беше МВП играчот, Ентони Дејвис кој сруши неколку рекорди со постигнатите 52 поени од 38 обиди од игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.