| четврток, 6 декември 2018 |

Минатата година 3 татковци од Охрид користеле породилно боледување

Според податоците од Фондот за здравство, минатата година, 54 татковци користеле породилно боледување.

Од Охрид 3 татковци користеле вакво боледување.

Најмногу вакви случаи во 2016-та имало во Скопје.

Статистиката на ФЗОМ покажува дека од година в година се зголемува бројот на мажи кои го искористиле оваа законско право.

Македонскиот закон за работни односи предвидува право на платено отсуство од работа заради бебе или само на мајката или само на таткото. Ако таткото сака да ја искористи оваа можност треба да достави извод на родените за детето и потврда дека мајката се враќа на работа. Но, родилката тоа не смее да го направи во рок пократок од 45 дена по породувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top