Роден на: 12 јуни 1945 во Мокрени, Велешко
Образование: Факултет за драмски уметности во Скопје
Професија: актер во политиката
Перо Арсовски првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Случајно или не, еве го повторно во филм со истиот наслов. Дејството се одигрува во Македонија, трае три години, ситуацијата е доведена до безизлез, режијата е на алчниот Заев од Муртино. Наќо Скопски од еден друг филм, иако споредна, добива значајна улога во овој.
Неговиот глас е одекот на гласот на Павле Богоевски, кој неодамна под палката на „Бихаќка“ му отпеа неколку заканувачки стихови на Али Ахмети, човекот кој стана главен фактор во филмот благодарение, секако, на режисерот.
Во интервју за „Република“ професорот Цуцулуовски прецизно ќе ја опише апсурдноста на ситуацијата „20 пратеници станаа помоќни од 100“. Еден Али Ахмети, сеедно, со партијата зад себе, е факторот, главниот актер во македонскиот пекол. Додека пеколот се разгорува, на СДСМ му станува жешко под нозете. Нервозни и нетрпеливи, функционерите, симпатизерите, па и од нив шарените, ги острат фејсбук моливчињата и ја истресуваат нервозата, ги скусуваат времето на чекање.
„А да им понудиме на уценувачиве нешто “што не можат да го добијат“. Едно „бомбиче“, а?“, напиша Наќо Скопски на Фејсбук во стилот на Богоевски, кој му мавташе на Ахмети пред очите со СЈО.
„Знае ли Али Ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на ДУИ од евентуален прогон од СЈО?“, се заканува Богоевски со „посилниот брат“.
Во ова време, додека Богоевски и Арсовски нервозно чекаат, шарените медиуми го промовираа „државниот непријател“ Владо Јовановски. Одред за отстрел, како оној на Шишков, ќе рече распнатиот актер, распнат токму поради статус на Фејсбук. Повикувал на војна, на нетрпеливост, на омраза додека соросовите партизанчиња маваат со бомбичиња од рововите.
„Уметници има, многу професори на академијата, како што е и Петар Арсовски, со кои не сме пријатели ниту на Фејсбук ниту во приватно живот, иако јас сум се обидел. Потсетете ме зошто пишуваше за бомби, уценувања мислејќи на ДУИ, велејќи да им пуштиме еден непристоен предлог, едно бомбиче. Зарем тоа не е повикување на војна. Каде е разликата на тежината на тој и мојот пост, јас не заговарам, јас само стравувам“, вели Јовановски.
Отстрелот за кој зборува Јовановски е уште една улога на актерот во политиката – Перо Арсовски Кодошот, кој иако набрзо по дебатата приложи документ од Лустрациската комисија дека е чист, ќе продолжи да си го носи името.
„Многу лесно се изговараат зборови, фашистичка влада, фашистички режим, диктатори, каде бевте вие како новинари и миротворци да се спротиставивте. Епа извини, тој прекар Кодош не ти го дала власта. Не тврдам јас, такво име ти ставиле. Знаеш како викаат, да не ти излезе име… Овој отстрел е како Шишков кога го отстрелаа, а колегите го кодошеа. Ти само ми даде шлагворт. Јас не велам дека си кодош. Мене ме викаат Лале, него го викаат Кодош, што да правам, прекар е тоа“, рече Јовановски обраќајќи му се на Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ахмети: Денко Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Владо Јовановски го одби Заев: Не сум виновен за да барам милост!