| четврток, 6 декември 2018 |

На Фејсбук кружи бројот 555-333

Можеби сте забележале дека на социјалните мрежи кружи бројот „дежурниот“ број 555-333.

Негов творец е извесен Мирољуб Петровиќ, директор на Центар за природни студии. Го изговорил во ТВ-интервју, во кое повеќе од два часа разговарал на секакви теми, претежно од зоната на самракот. Како и зошто не казнува Бог? Зошто хомосексуалноста е болест? Каква врска имаат Србите и Албанците? Како треба да се образуваат дека и да се бориме против криминалот?
Човекот кој смета дека средното училиште е дебилно, а Новак Ѓоковиќ треба да се посвети на правење деца, а не кариера и ако Јелена не сака, да си најде некоја која ќе сака, меѓу многуте небулози во интервуто рекол и дека на државата не ѝ требаат војска и полиција, туку вооружен народ. Водителот го прашал како може да им се даде оружје на сите кога има луѓе кои ќе го злоупотребат, а тогаш Петровиќ предлага поделба на слободни граѓани и робови. За да ја оствари идејата за вооружување на народот, замислил секоја месна заедница да воведе дежурства. Секое семејство во текот на неделата би дежурало, а кога некој ќе се јави на универзалниот број 555-333 и ќе рече дека во неговата улица се случува нешто, дежурните јунаци ќе потрчаат и веднаш ќе го проведат осомничениот. Кога овие од линијата 555-333 ќе приведат некого, тој веднаш излегува пред судија, има само еден час да си најде адвокат, но доколку дилал дрога, без судење би одел под меч, за да „не се трошат куршуми“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top