| четврток, 6 декември 2018 |

Десет корисни совети за брзо слабеење

Ова се важни, едноставни и корисни совети за брзо намалување на килограмите.

1 – Следете го правилото 80-20, со што 80 отсто од времето ќе се трудите да се храните здраво, а останатите 20 дозволете си ги ситните задоволства кои ве прават среќни и задоволни.

2 – Секој пат кога добивате желба да изете нешто, а не сте гладни, направете 10 вежби.

3 – Бирајте интегрални наместо обични житарки.

4 – Во фрижидерот чувајте чинија со исецкано овошје или зеленчук за оние моменти кога ќе ви се пријаде.

5 – Немојте да јадете пред телевизор, туку во кујната. Така ќе се концентрирате на јадењето и ќе го избегнете прејадувањето.

6 – Секогаш користете ги скалите, наместо лифтот.

7 – Спремете си јадење за на работа: здрава салата или готвено домашно јадење.

8 – Одредени оброци во денот заменувајте ги со природно подготвен сок.

9 – Три пати неделно вежбајте барем 20 минути.

10 – На почетокот на секоја недела направете план за јадење и придржувајте се до него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top