| четврток, 6 декември 2018 |

„Не на Трамп”, демонстрации во Лондон поради посетата на американскиот шеф

Неколку илјади демонстранти се собраа синоќа пред парламентот во Лондон за да протестираат против државното посета на Доналд Трамп во Обединетото Кралство. Ова е трет митинг во Лондон во знак на протест против оваа посета. На првиот, на 30 јануари, се собраа десетици илјади демонстранти. Подоцна, во почетокот на февруари, тие беа 10.000.

Синоќа митингот беше ко-организиран од “Stop Trump Coalition”, иницијативата „Ден без нас“, која имаше цел да го направи овој 20 февруари ден за солидарност со емигрантите во Велика Британија.

„Не на Трамп”, „Не на забраната за муслимани”, „Обединети против ѓаволот и идиотот”, беа дел од плакатите кои демонстрантите ги поставија, изразувајќи го револтот кон Трамп. Демонстрантите објаснуваа дека се против неговата политика на расизам, омраза кон жените и исламофобијата во нешто нормално.

-Ако не се кренеме против оваа политика, значи, всушност, стануваме соучесници – сметаат тие.

Околу 1,9 милиони луѓе се потпишаа на петицијата која повикува државната посета на Трамп да стане обична официјална посета. Вчера (20 февруари) британските пратеници одржаа дебата токму по прашањето колку е оправдана таа државна посета.

Организирањето на државна посета зборува за тоа дека британскиот парламент и британската нација го одобруваат Трамп, рече пратеникот на Лабуристичката партија, Пол Флин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top