| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно: Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација особено во клисурите и засеците каде е можна почеста  појава на одрони, како што се патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 2-ри пвој месец, е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен, пак, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top