| четврток, 6 декември 2018 |

Кубанската вакцина за рак на бели дробови кај нас од април

Кубанската вакцина за рак на бели дробови се очекува да почне да им се дава на пациенти од април годинава, објави „Нова Македонија“.

Досега пристигнале дози за 10 болни, се чекаат уште за 20. Паралелно со тоа завршило и испитувањето на Фармацевтскиот факултет во Скопје, кој дозволил вакцината да се дава на Клиниката за радиотерапија и онкологија, а треба да заврши и подготовката на протоколот за тоа кој може да ја прима, пишува весникот.

Станува збор за терапевтска вакцина за болни од неситноклеточен карцином на бели дробови. За да ја добијат вакцината пациентите прво ќе мора да се тестираат за тоа дали таа може да им помогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top