| четврток, 6 декември 2018 |

Арда Туран ја напушта Барселона, веќе си купил куќа во Лондон?!

arda turan

Британските медиуми денеска излегоа со вест дека играчот за врска на Барселона, Арда Туран од идната сезона ќе настапува во Премиер лигата, односно во тимот на Челси.

Цела сезона поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид е во втор план кај тренерот Енрике, па често се пишуваше за неговото заминување од „Камп Ноу“, а тоа најверојатно ќе се случи ова лето, бидејќи Турчинот веќе си купил куќа во Лондон. Познато е дека Антонио Конте е голем вљубеник во неговата игра, па затоа британските медиуми го поврзуваат Туран со трансфер во „сините“, но не се исклучува можноста тој на крај да заврши во редовите на Арсенал или Тотехнем кои исто така пројавија интерес за неговите услуги.

Оваа сезона турскиот репрезентативец одигра 27 меча за Барселона, во кои постигна 13 гола и забележа 7 асистенции. Покрај Барса и Атлетико Мадрид, Туран играше и за Галатасарај и Манисаспор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top