Tрагедија се случи во текот на вчерашниот ден во Македонија, кога во 7 часот во селото Меџитлија, во фабрика за производство на јаглероден диоксид, на подот во внатрешноста бил пронајден починат 47-годишниот Б.Р. од Битола, вработен како оператор во фабриката.
Полицијата информира дека откако го забележал, друг вработен го извлекол Б.Р. надвор од халата и се обидел да го реанимира со масажа на срцето и со кислород.
Веднаш потоа повикал Итна медицинска помош од чијашто страна е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот е префрлено во Клиничка болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола. За настанот е запознаен трудов инспектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст