| четврток, 6 декември 2018 |

Креативност, конкурентна национална економија за добробит на граѓаните

Проф. д-р Јованка Кепеска

Проф. д-р Јованка Кепеска

Политичките амбиции на претседателот Трамп, изложени во книгата „Повторно величествена“, се усмерени да се повратат можностите за поблагопријатен живот на сите американски граѓани. Тие се многу индикативни за приодот кон целите за развојот на современите општества во економската и политичка констелација во светот и изразуваат определени современи мислечки придобивки.

Преку практични решенија и разумна политика, имено, тој се заложува да се оствари силна национална економија, базирана врз ослободување на креативните сили на луѓето за создавање на економските вредности и конкуренција врз таа основа и ги претпоставуваат сите промени во општествените области.

Основно е на народот да му се прикажат важните прашања, како би се ослободил од манипулациите на политичките и медиумски „кариеристи“.

Во Америка, имено, нарушена е благосостојбата на ниските слоеви и на средната класа. Тие тешко ги остваруваат основните потреби за себе и за сопствените семејства бидејќи 20% од Американците моментално се невработени или подвработени а истовремено приходот на 45-те милиони средна класа, темелот на државата, постојано се намалува. Додека долгот на САД достигнува 19 трилиони долари. Поради тоа Ноам Чомски установува дека „американскиот сон“ е срушен. Претседателот Трамп, во книгата, вели дека Америка престанува да биде лидер во светот.

Оттаму, за да се креираат нови работни места, компаниите кои се излезени надвор, мора да се охрабрат да вратат поголем дел од своите работни места назад во Америка. Во функцоја на отворање на нови компании и работни да се повратат и трилионите долари што се чуваат во прекуокеанските банки, како што мора да се справи со банките и финансиските институции кои им служат на непријателските земји за перење на пари.

Ефект во развојот на економијата ќе се постигне и со попречувањетона приливот на нелегалните имигранти, кои се поврзани и со криминогени дејствија што се потврдува со извршените 3 милиони апсења. Нелегалните имигранти ги заземаат работните места на оние што претстојуваат легално во земјата како и на невработените или подвработените Американци. А поради нив не се задржуваат и оние кои стекнале повисоко образование во САД а потоа се враќаат дома.

На Америка и се наложува да воспостави рамноправен однос и во нејзиното искористување како најдобар потрошувач. Затоа што трговскиот дефицит, каков што е пред сé со Кина, го кочи нејзиниот економски развој. Економската сила на американските пазари како и американскиот потрошувач  всушност треба да се употребат за да им се помогне на пријателите но и да ги потсетат непријателите на придобивките од соработката.

Клучната економска мерка е со едноставен даночен систем да им се даде можност на средната класа и на оние со пониски класи да задржат поголем дел од приходите од заработеното за себе а во исто време да се измени начинот на кој најбогатите Американци ќе плаќаат даноци.

Освен невработеноста и намалувањето на домашниот бруто производ,  проблеми за националната економија создаваат и застарената инфраструктура, нелегалната имиграција, лошата образовна политика, неадекватната реформа во здравството, застарениот нуклеарен арсенал и неуспешноста на дипломатијата. Претседателот Трамп, притоа, отфрла секаква можност да се намалат исплатите на социјалната помош на големиот број луѓе што живеат од неа.

Преку реформата на образование е потребно да се создаде основната вредност за економскиот напредок – конкурентноста. За таа цел да се овозможи родителите да имаат право да го изберат најдоброто училиште за своите деца а послабите училишта да се затворат и неефикасните наставници да бидат отпуштени. Како што е неопходно да се создаде подобра опција во здравството од Обамакер. Создавајќи конкурентност во приватниот сектор меѓу осигурителните компании пациентите за да можат да го изберат својот семеен лекар, што го сакаат.

На крајот потребата за развојот на националната економија мора да се одрази и во надворешната  политика. Како што, и повратно, со создадената економска сила САД да може да ги наградува државите што се нејзини сојузници.

Потребно е зајакнувањето на војската што има, исто така, економски аспекти затоа што внесува вистински пари во системот и обезбедува враќање на илјадници луѓе на работа. Притоа, ако другите држави зависат од заштита на војската на САД, какви што се Германија, Јапонија, Јужна Кореја, тие ќе платат за војниците и за опремата. САД останува да се замешаат во конфликти само кога постои закана за земјата. Исламската држава останува најзначајната закана.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top