Железничкиот сообраќај во Македонија трет ден е во целосен прекин поради протестот на вработените на Македонски железници Инфраструктура чии синдикати бараат решавање на проблемот со исплатата на платите.
Не сообраќат ниту патничките, ниту товарните возови, информираат од Железничката станица во Скопје.
Протестот е во организација на организација на Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС – Железничари.
Од Македонски Железници Транспорт АД Скопје информираа дека пред почетокот на викендот на вработените ќе им биде исплатен вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецов и платата за јануари 2017 година.
– Заради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година кога поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, Македонски Железници Транспорт АД Скопје претрпе директна загуба од 5 милиони евра, на што доколку се додаде и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати 4,5 плати, во почетокот на оваа година повторно се соочува со одредени финансиски предизвици, соопшти МЖ Транспорт, од каде најавија дека во тек на неделава во соработка со Владата на Република Македонија треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст