| четврток, 6 декември 2018 |

Градска болница се реконструира, се примаат само итни случаи

ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, информира дека во нејзиниот објект се врши целосна внатрешна реконструкција и оти се примаат само ургентните случаи.

„Се примаат само ургентните пациенти, а останатите се преупатуваат во хируршките клиники и Градска општа болница „8 Септември“ Скопје“, соопшти Клиниката, реагирајќи на некои медиуми кои вчера објавија дека лифтот во болницата не работи.

Клиниката наведува дека реконструкцијата е почната во септември 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top