ОВЕН (21 март – 20 април)
Пред вас е силен и успешен месец, во кој ќе имате средби и контакти што ќе ги дефинираат вашите идни акции од финансиска природа. Ќе решите некои финансиски прашања со роднини или деловни партнери. Еден предлог може да ви донесе подобро платена работа, профитабилна трговија или бизнис. Подобрената комуникација со луѓе од далеку и во близина може да биде и од личен/љубовен карактер и од деловен. Ќе добиете корисни информации или предлози. Очекувајте тешки разговори или конфронтација со одредени личности. Ќе искрснат проблем што не може да се решат токму поради влијаниетона овие луѓе.Ќе се грижите или ќе се обидете да му дадете помош и поддршка на пријател кој има сериозни здравствени проблеми.
Жените-Овен до 35 години ќе имаат големи компликации во пријателските односи. Тие ќе ви влијаат депресивно, ќе внесат меланхолија, тажни чувства. Во март, некои брачни и семејни односи ќе бидат ставени на проба. Проблемите не се нови. Најверојатно во минатото сте доживеале разделба или поделба, но сега работите се дури и посложени и понепредвидливи. Лоши вести ви врска со некој роднина. Кога ќе донесувате важни одлуки во март пазете се од непобарани и несакани совети, или од манипулација. Некој ќе се обиде да ве искористи за потребите на друго лице. Генерално, март ќе биде продуктивен и успешен месец за вас. Но, проблемите кои ќе се појават сега во никој случај не треба да ги игнорирате.
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Март може да биде корисен и финансиски успешни месец, иако ќе имате некои важни или итни трошоци и плаќања. Ќе имате можност за дополнителна обврска или награда од добро платена работа. Интересно е тоа што во март ќе биде тешко да се предвиди идниот развој на сите настани. Доколку може да добиете увид во истите, ќе заклучите дека, всушност, судбината великодушно ќе ве награди на еден или друг начин. Но, пред тоа може ќе имате непријатности додека правите простор за нови настани во вашиот живот. Избегнувајте сомнителни луѓе и настани и не дозволувајте да бидете измамени од мали или големи лаги и манипулации.
Сега е лесно да ја преземете грижата од несакани и непријатни проблеми. Март е време за романтика и љубов, особено за младите Стрелци од машки пол кои ќе имаат интересни искуства со сегашните партнери во веќе постоечката врска. Време кога може да преземете чекори да донесете одлуки за посериозен ангажман. Неочекувано задоцнување или одбивање ќе се појави во врска со одреден план или очекување поврзано со личниот и професионалниот живот. Иако првичната реакција ќе ви биде бурна, подобро е да седнете и да размислите зошто сето ова се случува. Затоа што е можно да постои нешто подобро да се запрашате… Можна несакана или непланирана бременост, како и посложени емоции во врска со раѓање принова.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Во текот на март може да очекувате радосни настани поврзани со раѓање на машко бебе, прослава за момче или внук. Успехот ќе биде поврзан со млада личност од вашето семејство. Некои млади Водолии од машки пол ќе посакаат добредојде на бебе, вести за идно татковство, или радост поврзана со мало дете. Ќе има одложување на планови и активностите поврзани со движен или недвижен имот. Спор или проблеми поврзани со имот може да се јават помеѓу саканите. Проблемите во семејството сега ќе бидат повеќе поврзани со некоја емоционална навреда или загуба што ќе биде едно тешко искуство. Овој месец ќе имате очекувања за поголеми приходи коишто се поврзани со работа со странци кои работат со компанија или клиенти далеку од вас. Можно е да добиете пари од далечина од различни причини. Овој месец ќе планирате и ќе одите на далечен пат. Ќе доживеете вербален напад на семејството од страна на лице надвор од вашиот дом. Бидете внимателни кај новите љубовни состаноци или со луѓе кои бараат специјален контакт со вас. Пазете се од измами и од ваша вклученост во туѓи цели по пат на интриги. Интересни вести и разговори со пријателите ќе имаат младите дами- Водолии. Ќе дознаете многу работи и можеби ќе се појави нова идеја за натамошен развој на некоја ваша идеја или проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.