| четврток, 6 декември 2018 |

Во КИЦ на Република Македонија во Софија претставен проектот „Сподели Радост“

Пред преполна сала во КИЦ на Р. Македонија во Софија, вчера вечер беше претставен проектот “Сподели Радост”, подготвен од македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија. Актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика интерпретираа стихови од познати македонски поети, а ликовните уметници Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Горан Тричковски, Павел Целкоски, Слободан Милошески и Иво Пецов свои ликовни дела.
Spodeli radost4
Публиката во нашиот Центар освен каталози од изложбата, имаше можност да добие и пригоден рекламен материјал за туристичките можности на нашата држава, подарок од Агенцијата за промоција и поддршка и на туризмот на Р. Македонија.
spodeli radost 7
Проектот кој е поддржан од Министерството за култура, го отвори директорот на нашиот Центар во Бугарија, Васко Шутаров, кој пред присутните ја претстави и годишната “Програма 2017” со која во преку 30 проекти ќе биде презентираната нашата култура во Софија и десетина други градови во Р. Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top