| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакале Црна Гора да биде дел од НАТО: Русија планирала убиство на Ѓукановиќ

Русија планирала да го убие поранешниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и да ја собори неговата влада во минатата година, објави Дејли телеграф повикувајќи се на извор во Владата на Британија.

Во текстот се наведува дека државниот удар на денот на парламентарните избори го воделе руски разузнавачи со поддршка од Москва за да го саботираат планот на Подгорица да влезе во НАТО.

Тие планирале заземање на зградата на Собранието и убиство на Ѓукановиќ. Дејли телеграф наведува дека планот е спречен само неколку часа пред да биде спроведен и требало да предизвика крвопролевање и да ја воведе државата во немири пред нејзиното зачленуавње во НАТО.

– Обидот за државен удар во Црна Гора планиран за 16 октомври минатата година е пример на зголемена агресивна кампања за мешање во работите на Западот, изјави изворот од британската Влада. Шефот на дипломатијата Борис Џонсон и неговиот американски колега Рекс Тилерсон разговарале минатата недела на својата прва средба за случувањата во Црна Гора, објави весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top