Омар Абдел Рахман, египетскиот исламист, осуден поради тероризам на доживотен затвор во САД, умрел во американски затвор во 78. година од животот.
Слепиот џихадистички лидер кој боледуваше од дијабетес беше осуден во 1995 година поради планирање напади во Њујорк и планирање убиство на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.
Неговиот син Мохамед Амар, кој е во Египет, ја потврдил смртта на татко му.
Омар Абдел Рахман беше водач на познатата радикална исламистичка група Гамаа Исламија, пред да емигрира во САД каде во 1993 година е затворен и во 1995 година е осуден на доживотен затвор поради планирање напади и атентат.
Абдел Рахман, кого го нарекуваа и Слепиот шеик, роден е 1938 година, а го споменуваа и како организатор на нападот врз Светскиот трговски центар во Њујорк во 1993 година, во кој беа убиени шест лица а околу илјада беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст