| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо сомнително не е пронајдено во евакуираниот авион на „Туркиш ерлајнс“

Ништо сомнително не е пронајдено по истрагата во авионот на турската компанија „Туркиш ерлајнс“, откако претходно беше евакуиран бидејќи во еден од тоалетите на леталото е пронајдена сомнителна порака.

Авионот беше евакуиран денеска пред полетување од Истанбул кон канадскиот град Торонто, бидејќи екипажот на летот ТК-17 пронашол порака „Бомба за Торонто“, напишана со големи букви на ѕидот од тоалетот.

Леталото беше вратено на делот од аеродромот предвиден за паркирање и потоа е евакуиран.

Авиокомпанијата наведе дека веднаш започнало спроведување на безбедносни процедури во леталото и проверка на патниците

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top