Паковка со дрога и куршуми биле пронајдени кај осомничените кои вчера во голема полициска акција беа приведени во Скопје, а ги предводел С.Р., брат на функционер на СДСМ. Според информациите до кои дојде Прес24 во претресот кај осомничениот за кој дел од медиумите тврдат дека е брат на поранешен пратеник на СДСМ, била пронајдена 1 паковка со прашкаста материја и 50 куршуми со калибар 9 милиметри.
Порталот дознава од полициски извори дека паковки со прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин биле пронајдени и кај другите приведени во полициската акција. Според информациите, тие покрај дрогата имале и реденици со куршуми, 25 парчиња со калибар 5,56 милиметри.
Во претресот пронајдена е и една кеса во која најверојатно имало марихуана како и еден зад со траги од прашкаста материја за која истрагата верува дека е кокаин.
Полицијата вчера во голема акција приведе повеќе луѓе кои ги сомничи дека како криминална група продавале кокаин по скопските улици. Полицијата се сомнева дека организатор на групата е С.Р. кој според дел од медиумите е брат на поранешен пратеник на СДСМ.
Извори од скопската полиција за агенцијата „Нетпрес” синоќа изјавиле дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче”
Познат скопјанец, заедно со уште две лица, уапсен е вечерва од полицијата, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко, дознава Нетпрес неофицијално од полициски извори.
Информациите од скопската полиција велат дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче”. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.
Полициски извори велат дека осомничениот кој е организатор на групата, С.Р., поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бивш пратеник на опозицијата во македонското собрание. Истрагата на скопските полицајци утврдила дека тој ги ангажирал лицата Д.М. и М.З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите, кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.
Според нив, исто така утврдено и дека четврто лице посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тоа лице го известувало С.Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршело продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.