| четврток, 6 декември 2018 |

Даниела Арсовска од ССК: Стопанството во овој момент е на машини за реанимација

ekonomija141-1

Стопанството во овој момент е на машини за реанимација и тешко ќе може да издржи уште долго, освен ако не се најде заедничко решение или начин за функционирање на институциите, рече денеска претседателот на Сојузот на стопанските комори (ССК) Данела Арсовска.

Одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на панел-дискусиите во рамки на Глобалниот Самит на жени лидери 2017, Арсовска напомена дека економијата ќе биде во заложништво се додека трае политичката криза.

– Буквално, не можеме да предвидиме уште колку време ќе може да се опстои под овие услови како сегашните. Ситуацијата е многу деликатна. Наместо да се сконцентираме на тоа да работиме и да го развиваме приватниот сектор кој е генератор на економскиот раст и оној што треба да ги креира политиките, да работи на зголемување на вработувањето. Но, ништо од тоа не е возможно, истакна Арсовска.

danela-arsovska

Според неа, не може да се зборува за политика без економија и обратно, двете сфери се непосредно многу поврзани.

– Политиките што ги носат институциите се оние што се имплементираат и во приватниот сектор. Тоа е она кон што треба да се стремиме. Заедно да градиме, да ја изградиме Македонија да биде поголема. Дали политичарите заборавиле или не, не знам, но сите треба да имаат предвид дека ако приватниот сектор не работи и не влева средства во државната каса, тоа наскоро ќе вроди со долгорочни проблеми од кои не ќе можеме да излеземе со децении, напомена претседателката на ССК.

Став на Арсовска е дека стопанствениците се доволно гласни за актуелните проблеми. Апелира и до медиумите да го пренесуваат нивниот глас кој укажува најмалку две години.

– Јас бев првата што пред две и повеќе години излезе на заедничка дебата во МАНУ и кажа дека политичката криза, која уште тогаш се наѕираше дека ќе трае долго, ќе земе замав и ќе има долгорочни негативни ефекти врз македонската економија, укажа Арсовска.

Таа ги демантира информациите дека е наводно потребен заем од една милијарда евра за да се раздолжи државата кон бизнисот, како што објавија некои медиуми.

– Оној што ги кажал тие бројки, очигледно нема прецизни информации, а ако ги има, би требало да каже од каде ги добил зашто ние, како бизнис сектори, застапуваме над 20.000 компании – членки и тие информации ги немаме, особено во комуникацијата со фирмите кои имаат побарувања од државата. Тие, досега барем, се навремено сервисирани, нагласи Арсовск, додавајќи дека најпрво треба да се види дали воопшто ќе има какви било проблеми, а потоа да се излезе со проекција.

Во врска со економската програма на идната влада, повтори дека секоја година стопанствениците излегуваат со предлог – мерки кои произлегуваат од бизнисот, за зголемување и подобрување на приватниот сектор, како и за раст на економијата воопшто.

– Досега наидовме на добра комуникација и се усвојуваат зашто се добри. Се надеваме дека и во наредниот период, се што ќе предложиме, ќе биде земено предвид, со ист сенс, дека има потреба да му се помогне на приватниот сектор, да биде уште подобар и да излезе во истуацијата во кјоја се наоѓа, подвлече претседателот на ССК Данела Арсовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top