| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските партии на средба

auto_Ahmeti-Sela-780x4391487083012

ДУИ, Беса и Алијансата за албанците-партиите од албанскиот блок кои преговараат со опозицијата за формирање на нов владин кабинет денеска ќе се сретнат.

Сите очи сега се вперени во ДУИ. Од Ахмети се очекува да го каже ставот за влада со СДСМ.

По денешната средба јавноста очекува конкретни ставови од албанскиот блок, а според некои медиуми Зијадин Села е иницијатор на оваа средба и тој ќе барал официјализирање на албанскиот јазик.

Меѓутоа, за да се воведе двојазичност на цела територија тоа треба да се случи со двотретинско мнозинство, односно со поддршка на ВМРО ДПМНЕ, а сите го слушнавме ставот на Груевски и неговата партија дека тие не прифаќаат двојазичност.

Како што е познато овие денови Заев и Ахмети си праќаат предлози и забелешки, но во јавноста не излезе ништо конкретно, дали се работи за предлози од страна на двете партии и услогласување на ставот во однос на јазичното прашање.

Опозицискиот лидер Заев вчера посочи дека преговараат и дека гледаат се да биде во рамки и согласност на Уставот и Охридскиот рамковен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top