Професорот Љубомир Цуцуловски при неговото гостување во емисијата ,,Ѕид’’ на ТВ Алфа, порача дека уставот не може да се толкува, ако на некого нешто не му се допаѓа може само да се промени.
– Расправаме околу елементарни нешта, расправаме како да го толкуваме уставот. Луѓе мои Устав не се толкува. Устав може да се менува доколку не ви одговара, но Устав да се толкува е недозволиво, тоа е надвор од памет. А, тоа го бараат помеѓу другото оние кои го составуваа уставот и за кој патем земале, претпоставувам, добри хонорари. И кои сега не сакаат да сносат елементарна одговорност. Но, не велам кривична или правна, елементарната одговорност е човечка одговорност. Да кажам граѓани извинете не мислевме на се. Едноставно не претпоставиле ваква ситуација, а должни се да претпостават, рече професорот Цуцуловски.
Професорот оценува дека партиите не се на политичката сцена за да си менуваат предлози туку се таму за да им нудат предлози на граѓаните, односно на оние кои гласале за нив.
– Навистина ме шокираше во една морална смисла, па ако сакате и во една интелектуална смисла изјавата на СДСМ преку нивниот портпарол Петре Шилегов кој рече дека предложиле на ДУИ многу добар предлог. Прво зошто бев шокиран од таа изјава, па партиите не постојат едната на другата да си даваат многу добри предлози. Тие се тука избирани од граѓаните на граѓаните да им даваат предлози, да речат ние предлагаме во наредната или наредните години во Македонија да се направи тоа и тоа да се прекине со тоа и тоа, а не партиите едни со други да си даваат предлози. Коалицијата добро може да се свати како еден вид предлог, но битно е дека се забораваат граѓаните без разлика на нивната етничка припадност. Значи не велат ние на граѓаните им предлагаме преку ДУИ тоа и тоа туку, ние на ДУИ им предлагаме многу добар предлог. А бре луѓе јас сум гласал за вас, мене да ми предложите, односно да ми понудите добар предлог, а не обратното. Не постоиме ние тука за нив да ги гласаме, а после партиите меѓу себе да си пружат добри предлози, вели Цуцуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст