| четврток, 6 декември 2018 |

Нашол 270 илјади евра и ги пријавил во полиција

Совесен граѓанин на австрискиот град Грац, во новиот дом нашол околу 270 илјади евра и веднаш ја известил полицијата. Тој се преселил во новиот стан и при расчистување на подрумската просторија пронашол шест пакети со банкноти од по 500 евра, или вкупно 269.500 евра.

Како што соопштува полицијата, без двоумење ги пријавил парите сомневајќи се дека можеби потекнуваат од криминални дела. Случајот бил пријавен на почетокот од јануари, но поради истрагата и преземаните мерки не сакале да даваат повеќе поединости за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top