Сценариото за филмот „Родам“, кој ќе се задржи на деновите од младоста на една од највлијателните американски политичарки, Хилари Родам Клинтон, како и на првите години од бракот со Бил, веќе е подготвено.
На режисерот Џејмс Понсолд сега му останува најслатката задача, да одбере една од прекрасните русокоси холивудски актерки, на која ќе ѝ ја додели главната улога.
Засега, најмногу се шушка името на 28 -годишната Скарлет Јохансон која, според американските таблоиди, очајно посакува да се најде во улогата на поранешната прва дама.
Сепак, во тесниот круг се најдоа и брилијантните Џесика Частејн, Рис Витерспун и Аманда Сејфрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.